Претставен Vivo XPlay 3s - Новиот телефонски бог со 2K HD резолуција

Објавено на 18.12.2013 во Новости



Претставен Vivo XPlay 3s - Новиот телефонски бог со 2K HD резолуција

Vivo XPlay 3s е новиот бог меѓу смартфоните презентирајќи неверојатен спој на технологија која ги руши сите поставени рекорди. Смартфонот кој прв стигна до магичната 2K HD резолуција денес беше официјално промовиран во Пекинг, Кина.
 
 
Се работи за вистинско чудо на технологијата бидејќи 5.7 инчниот екран на Vivo XPlay 3s има фантастична резолуција која изнесува 2560 x 1440 пиксели која резултира со густина на сликата од неверојатни 490 пиксели на еден инч.
 
 
Меѓуоа Vivo XPlay 3s може да се пофали и со голме број на други адути како унапредената верзија на четири-јадрениот Qualcomm Snpadragon 800 процесор од генерацијата Krait 400 со графичка карта Аdreno 330 и брзина од фантастични 2.3 GHz, комбинирани со 3 GB RAM и 32 GB вградена меморија.
 
 
Vivo XPlay 3s има и квалитетна 13 мегапикселна камера, издржлива батерија со капацитет од 3200 mAh, како и скенер за отпечатоци за да не заостанува зад најмоќните играчи во мобилната индустрија.