Lenovo Vibe Z - Гигант за модерните корисници

Објавено на 02.07.2015 во Новости



Lenovo Vibe Z - Гигант за модерните корисници

Lenovo Vibe Z е еден од првите смартфони со кои Lenovo го најави атакот на премиум класата и успешно им се спротистави на конкурентите како Samsung и Sony со моќен сетап кој овозможува моќни перформанси, дизајн кој дава чуство на врвен квалитет, 4G LTE конекција за најновите стандардни на мобилен интернет и пренос на податоци, како и беспрекорниот Vibe интерфејс кој има богата софтверска понуда на само еден допир на екранот.
 
 
Lenovo Vibe Z доаѓа со 5.5 инчен Full HD дисплеј доволно голем за преглед на сите мултимедијални содржини, видеа со висока резолуција, како и силен контраст, природни бои кои не го оптоваруваат корисникот по подолго користење и минимална рефлексија на сончева светлина, што го прави идеален за користење и на отворено во текот на денот.
 
 
Дизјанот е моќна страна на Lenovo и тој стандард се воспостави со Lenovo Vibe Z изработен од метални елементи со цврста прекривка и врвна естетика со тенок профил од 7.9 милиметри. Во внатрешноста е сместен четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 800 процесор како еден од најдобро прилагодените чипсети за брз одговор на сите апликации, игри и работа на интернет. Lenovo Vibe Z има батерија со капацитет од 3000 mAh што е и повеќе од доволно за модерниот корисник.
 
 
Lenovo Vibe Z може да се пофали и со 13 мегапикселна камера со која ќе правите совршени слики и при ниска осветленост благодарение на BSI сензорот и силниот LED блиц, додека пак со предната камера од 5 мегапиксели ќе воспоставите видео повици со HD резолуција, а ќе креирате забавни селфи фотки во кои ќе може да ви се придружат и пријателите благодарение на леќата со широк агол. 
 
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov