BlackBerry го најде својот спасител

Објавено на 13.01.2014 во Новости



BlackBerry го најде својот спасител

Џон Чен е искусен бизнисмен кој на позицијата шеф на BlackBerry го замени неуспешниот Торстен Хајнс и требаше да ја води компанијата привремено, но по само неколку месеци сите сметаат дека тој е вистинската личност и затоа ќе остане на кормилото и во наредниот период.
 
 
Како прв човек на BlackBerry Џон Чен за кратко време успеа да ја врати довербата на инвеститорите и покрај големите загуби од непродадени BlackBerry Z10 смартфони кои се проценуваат на вредност од високи 3.2 милјарди долари.
 
 
Тој склучи многу важно партнерство со фабриката Foxconn која во наредните пет години ќе ги произведува смартфоните на BlackBerry и ќе го превземе ризикот од продажбата, а со тоа значително ќе бидат намалени трошоците во иднина. 
 
 
Џон Чен има и одлична историја како бизнисмен во повеќе компании кои ги издигнал од самото дно, а токму таа умешност ќе му биде потребнa во повторното враќање на патеките на успeхот на некогаш моќниот бренд BlackBerry.