Компјутери против таблети - Кој ќе ја добие битката

Објавено на 31.03.2014 во Новости



Компјутери против таблети - Кој ќе ја добие битката

Постои општо мислење во технолошката сфера дека компјутерите се послабо се продаваат на сметка на таблетите кои стануваат хит уреди меѓу корисниците, со прогноза дека за неколку години PC пазарот целосно ќе изумре, но една пореална анализа го тврди сосема спротивното.
 
 
Компјутерите кои се користат во домовите и во организациите се заменуваат во просек од 2 до 3 години, но со новите SDD дискови корисниците наместо да го заменат целиот уред вршат само надградба на компјутерот со повеќе меморија или пак со промена на дел од компонентите како што е графичката карта за гејминг.
 
 
За тоа време се отвора шанса за таблетите кои добиваат се поголем пазар, но кога ќе измине рокот од 3 до 4 години повторно на корисниците ќе има требаат компјутери, без оглед дали се тоа PC, лаптоп компјутери или Notebook уреди.