HTC One M8 ќе има и Ace верзија

Објавено на 09.04.2014 во Новости



HTC One M8 ќе има и Ace верзија

Ланската стратегија на HTC се состоеше од понуда на повеќе верзии на водечкиот смартфон HTC One со различни димензии и компоненти, па така и оваа година новиот HTC One M8 ќе добие продолжение меѓу кои е и најново откриената Ace верзија.
 
 
Засега нема голем број на конкретни информации освен претпоставката дека HTC One M8 Ace ќе биде всушност премиум фаблетот на тајванскиот производител кој се очекува во 2014 година, што значи дека ќе има значително поголем екран до 6 инчи, а во однос на внатрешноста на уредот може да се очекуваат мали измени. Токму тие варијации ќе ја одредат и цената на фаблетот. 
 
Автор: Aleksandar Stankov