iPhone 6 ем поголем ем поскап

Објавено на 15.04.2014 во Новости



iPhone 6 ем поголем ем поскап

Веќе одамна се шират шпекулации дека новиот iPhone 6 ќе има поголем екран од вообичаено кој ќе достигне до 4.7 инчи и на интернет веќе се поставуваат голем број на слики од Кина, каде и се склопува смартфонот, што на некој начин само дополнително ја потврдува новата стратегија на Apple.
 
 
Но, кога овој бренд е во прашање на прво место секогаш е максимизирање на профитот, па токму затоа многу експерти претпоставуваат дека iPhone 6 ќе биде за 100 долари поскап од вообичаени и веќе се испратени информации до мобилните оператори кои ќе го лансираат смартфонот на почетокот на есента.
 
 
За iPhone 6 се претпоставува дека ќе има Full HD 4.7 инчен дисплеј, ќе работи на новиот А8 64 битен процесор, iSight камерата ќе биде задржана на 8 мегапиксели, но ќе има големи подобрувања во апаратурата и исто така се претпоставува дека дотогаш ќе биде подготвена и новата верзија на оперативниот систем iOs 8 каде главен акцент ќе биде ставен на фитнес додатоците преку iHealth апликацијата.
 




Прочитајте повеќе: