HTC One M8 ќе изненади со нови бои

Објавено на 02.05.2014 во Новости



HTC One M8 ќе изненади со нови бои

HTC One M8 наскоро ќе биде достапен за купувачите во три нови бои за маската кои ќе донесат дополнителна свежина и шареноликост во премиум понудата. На листата на нови бои се наведени црвена, сина и розева.
 
 
Досега купувачите можеа да одберат сива, сребрена и златна кои на премиум смартфонот HTC One M8 му даваа премногу „метален“ изглед, па затоа алуминиумското куќиште со новите бои ќе добие многу потопол и попријатен ефект иако за вкусови не се дискутира, но добро е кога пред себе имате поголем избор.