Бил Гејтс не се откажува од XBox

Објавено на 06.05.2014 во Новости



Бил Гејтс не се откажува од XBox

Бил Гејтс повеќе месеци не е претседател на Microsoft откако ја препушти раководната функција и се насочи кон подршка на новиот извршен директор Сатја Надела. Едно од клучните прашања за компанијата ќе биде функционирањето на XBox платформата и подршката за гејминг и мултимедија која троши огромни ресурси и многу ниски профити.
 
 
Бил Гејтс вели дека зад тоа стои многу поголема стратегија и продажбата на XBox во овој момент не е логична. Целта на Microsoft според Бил Гејтс е да се доближи гејмингот од мобилните платформи со игрите за конзола и компјутер, поврзувајќи ги корисниците со различни алатки и дополнителни услуги.
 
 
Сепак, Бил Гејтс изјави дека доколку Сатја Надела одлучу дека за компанијата најдобро е да се продаде секторот задолжен за XBox платформата тоа безрезервно ќе го подржи. 
 
 
XBox конзолите заостануваат во продажбата зад SonyPlaystation 4 кој е вистински хит кај гејмеритe, но конзолата на Microsoft ја очекуваат подобри денови со лансирање на неколку ексклузивни хит игри кои сигурно ќе ја зголемат продажбата.