HTC им објави војна на конкурентите

Објавено на 08.05.2014 во Новости



HTC им објави војна на конкурентите

HTC започна нова медиумска кампања која се уште ништо не открива дали се работи за најава на нов смартфон или пак само сакa да го привлече вниманието кон HTC One M8 кој треба да му се спротистави на најголемиот конкурент Samsung Galaxy S5.
 
 
За таа цел се објавени провокативни постери на кои е испишан слоганот „За да ја добиете војната треба да ја започнете“ или најдобро кажано на англиски „ To win a war you have to start One“, што може да се толкува на различни начини.
 
 
Претходно веќе се проширија информации дека наскоро ќе биде промовирана фаблет верзијата на HTC One M8 наречена HTC One Ace, а другата теорија е дека кампањата е наменета за уште поквалитетниот HTC One M8 Prime кој ќе има Quad HD дисплеј, ќе работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 805 процесор и ќе биде еден од најмоќните играчи во премиум сегментот.