Samsung фаќа нов правец - Претставен првиот Tizen смартфон

Објавено на 02.06.2014 во Новости



Samsung фаќа нов правец - Претставен првиот Tizen смартфон

Се трсеше гората, се роди глушец, отприлика вака може да се оцени целата драма поврзана со користењето на новиот оперативен систем Tizen со кој Samsung треба да се осамостои од Google и врзаноста со Android платформата.
 
 
Конечно е претставен Samsung Z првиот смартфон кој ќе работи на независниот софтвер Tizen OS, но како прво чедо на Samsung нема да предизвика никакви турбеленции, туку е само тест за да се види реакцијата на фановите, која треба да покаже дека Android воопшто не е пресуден во продажбата на нивните смартфони.
 
 
Samsung Z има 4.8 инчен S-AMOLED дисплеј со HD 720p резолуција од 1080 х 720 пиксели, работи на четири-јадрен Snapdragon процесор од 2.3 GHz, со 2 GB RAM, 8 мегапикселна камера, скенер за отпечатоци, 2600mAh батерија и LTE Cat 4 антена која достигнува брзина на интернет сообраќај од 150/50Mbps.
 
 
Tizen смартфонот има сосема различен дизајн од вообичаената Galaxy S серија и на прв поглед повеќе наликува на LG Optimus G со коцкаста форма која најверојатно е искористена за привлекување на купувачите од Азија. Единствено е задржана задната прекривка Faux Leather која е имитација на кожа и смартфонот ќе има црна и златна боја како избор на маската.