Најнови информации за HTC Nexus 8 и HTC One Prime

Објавено на 21.06.2014 во Новости



Најнови информации за HTC Nexus 8 и HTC One Prime

По серија на силни шпекулации за нов премиум смартфон изработен од HTC следеше период на затишје и сомнеж дали воопшто ќе се појави HTC One Prime во текот на летото, но најновите информации откриваат дека уредот е само презакажан за втората половина на 2014 година.
 
 
Истото важи и за таблетот Nexus 8 за кој Google најверојатно одлучил да му ја довери довербата на HTC наместо на LG како што претходно се тврдеше и овој уред е презакажан за крајот на годината, што значи нема да се појави наредната недела на конференцијата Google i/o 2014.
 
 
За HTC One Prime се очекува да има нов 5 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, да работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 805 процесор со 3 GB RAM и најверојатно ultrapixel камерата ќе биде заменета со обична 16 мегапикселна камера.