Дрвениот Motorola Moto X функционира и со изгорена маска

Објавено на 02.07.2014 во Новости



Дрвениот Motorola Moto X функционира и со изгорена маска

На интернет се појави многу интересна приказна поврзано со Motorola Moto X чиј дизајн може да се прилагодува според желбите на корисникот, а меѓу опциите е и избор на дрвена маска која можеби ќе го направи вашиот смартфон уникатен, но истовремено и подложен на опасност од запалување.
 
 
Токму тоа му се случило на корисникот кој се претставува со името Digital Dragon. Според него дрвениот Motorola Moto X почнал да гори, но навремено успеал да го тргне од местото на кое запалиле камперски оган и што е најинтересно телефонот и понатаму може да се вклучи и функционира. 
 
Автор: Aleksandar Stankov