Samsung повторно го исшамара Apple

Објавено на 04.07.2014 во Новости



Samsung повторно го исшамара Apple

Можеби Samsung и Apple привремено си рекоа смир и не се закачаа преку медиумите, но очигледно на корејците им стана досадно да ги следат бројните медиумски извештаи кои неуморно известуваат за можниот пласман на iPhone 6. Токму затоа снимија нова провокативна реклама за Samsung Galaxy S5 во која се потсмеваат на корисниците на Apple.
 
 
Рекламата е епик, мора да се признае Samsung овој пат го издигна нивото на тролање многу високо, уште на старт со посочување на iPhone корисниците залепени до ѕид, кои чекаат нивниот смартфон да се наполни, додека пак гордите сопственици на Samsung Galaxy S5 немаат никаков проблем и уживаат во животот.
 
 
Главната цел на рекламата е промоција на новата опција Ultra Power Saving Mode која ви овозможува користење на основните апликации на Samsung Galaxy S5 со минимален процент на батеријата и тоа за повеќе часа работа без никакви пречки. Рекламата мора да ја погледнете, па во наредниот период чекаме одговор на Apple на оваа тешка провокација.