Интернет волшебниците повторно успеаа, необјавениот Андроид ОС инсталиран на Nexus 4

Објавено на 09.07.2014 во Новости



Интернет волшебниците повторно успеаа, необјавениот Андроид ОС инсталиран на Nexus 4

ВНИМАНИЕ: АКО НЕ СТЕ XDA ДЕВЕЛОПЕР И/ИЛИ НЕ СЕ РАЗБИРАТЕ ВО ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА АНДРОИД ОС, НЕ СЕ ОБИДУВАЈТЕ ДА ГИ КОПИРАТЕ ИНСТРУКЦИИТЕ НА ВИДЕОТО И ДА ИНСТАЛИРАТЕ АНДРОИД ОС НА ВАШИОТ NEXUS ТАБЛЕТ.

Сега кога ве предупредивме да  се вратиме на вестта. Андроид L оперативниот систем ќе биде пуштен во официјална употреба подоцна оваа годин, и тоа за Nexus 5 и Nexus 7 Wi-Fi.

Сепак, има верзија која веќе кружи на интернет која е наменета за маркетинг и развивање на нови апликации. Нормално, некои од најдобрите „кракери“ се досадувале и решиле да видат која е силата на Nexus таблетите.

Иако е незавршена верзија, полна со бубачки, сепак тие успеале да ја оптимизираат и инсталираат на еден од постарите модели на Nexus таблетите, Nexus 4.

Откако увиделе дека работи, тие на интернет објавиле видеа со инструкции, како и линкови за сите алатки и чекори што ви се потребни да го реплицирате нивниот успех.

Препораката на telefoni.mk е да ја почекате официјалната верзија од оперативниот систем доколку не се разбирате од bootloading, „кракирање“ и XDA development.