LG е речиси готов со Android 5.0 Lollipop

Објавено на 07.11.2014 во Новости



LG е речиси готов со Android 5.0 Lollipop

LG Mobile најави дека навремено ќе ја изврши надградбата со најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop за сите смартфони од поновата генерација кои не се дел од Nexus серијата и веќе испливуваат на површина првите слики од новиот интерфејс.


На врвот листата на смартфони кои ќе добијат надградба со Android 5.0 Lollipop е ставен LG G3, додека пак LG G2, LG Pro 2, нивните верзии со помали и поголеми екрани, како и серијата на таблети LG G Pad 2014 Edition, се оставени за нешто подоцна во пролетта.


Првите слики со новиот Material дизајн за Android 5.0 Lollipop , дали намерно или не ги откри LG Germany, тоа што е повеќе важно е дека новиот софтвер одлично е вклопен во Optimus интерфејсот со добар распоред на иконите, центарот за контрола и известувања, како и почетното мени со приказот на иконите.  Надградбата за LG G3 со Android 5.0 Lollipop треба да пристигне кон крајот на годината.