Atlas е нов интернет прелистувач во стилот на Android L

Објавено на 04.08.2014 во Android



Atlas е нов интернет прелистувач во стилот на Android L

Корисниците дури во септември ќе ја добијат новата верзија на оперативниот систем Android L, а тоа важи пред се за Nexus смартфоните и поновите премиум уреди, додека пак останатите ќе почекаат за да ги добијат сите квалитетни измени. Atlas е апликација која ќе ви помогне да не чекате и сите предвидени промени ги има вградено уште сега.
 
Atlas Web Browser (BETA) - screenshot
 
Станува збор за супер интернет прелистувач кој е базиран на Material дизајнот на Android L, каде интерфејсот е подреден на содржините и ги остранува оние елементи кои во моментот не ви се потребни. Atlas има модерни функции кои Google се уште не ги применил во Chrome, па токму тука се гледа главната предност на новиот интернет прелистувач за смартфон.
 
Atlas Web Browser (BETA) - screenshot
 
Atlas на почетната страна ви нуди неколку топ опции како избор за отворање на мобилната или десктоп верзијата на веб сајтот, потоа имате прилагодување на големината на текстот и широчината на сликите и содржините, како и краток преглед на обележаните страници.
 
Atlas Web Browser (BETA) - screenshot