Топ 3 iPhone додатоци на неделата

Објавено на 08.08.2014 во Новости



Топ 3 iPhone додатоци на неделата

Сакале или нејќеле, мораме да признаеме дека iPhone ги има некои од најдобрите и најпрактичните додатоци за мобилни телефони. Денеска ќе разгледаме нож, запалка и проектор.

SuperNova Lighter iPhone 5 Case

Да започнеме со запалката. Оваа запалка се полни преку USB, вашите пријатели нема да можат да ви ја земат по грешка, отпорна е на ветер и не користи никакви запаливи материи.

А сето тоа го прави додека го штити вашиот телефон од удари и други штетни последици. Дали спомнавме дека е водоотпорна?

Tasklab TaskOne iPhone 5/5s Case

22 алатки. Искрено секоја чест на иновативноста, бидејќи навистина незнам каде ги собрало.

Ако одите во природа, или едноставно сакте да поправате предмети ова е вашиот избор. И сето тоа додека го штити телефонот со помош на поликарбонат, алуминиум и силикон. И да водоотпорна е.

Sanwa PRJ016 iPhone 4 35-Lumens Micro Projector case

Да, името е како да кажувате брзозборка, но таа брзозборка можете да ја гледате било каде на iPhone  проектор. Работи на билокоја површина, а во исто време може да го полни телефонот или да ја користи неговата залиха на енергија. Батеријата му трае до два часа, што би требало да е доволно за билокој филм(освен ако не гледате Господар на Прстените, во тој случај немате среќа). За жал во моментот е распродаден, но како алтернатива се наведува Samsung Galaxy Beam.