Bublcam доаѓа на пазарот следниот месец

Објавено на 09.08.2014 во Додатоци



Bublcam доаѓа на пазарот следниот месец

Една од најиновативните камери, со интегрирана подршка за Google конечно пристигнува на широкиот пазар.

Првата камера од 360 степени која е наменета за сите потрошувачи, ќе се појави на пазарот во текот на септември, а демонстративното видео кое го објавија по повод излегувањето на пазарот, само ги подига очекувањата за перформансите на овој ѕвер.

Со поглед од 360 степени и без ни еден мртов агол, оваа камера ви дозволува да се поврзете директно со сите сервиси на Google со помош на вашиот телефон или таблет. Најголеми очекувања од Bubl има VR индустријата, која предвидува огромен технолошки бум, заради цената на оваа камера. Тие сметаат дека  за VR камера која до сега чинела неколку десетици илјади долари, Bubl ќе може комплетно да ја замени без да се изгуби на кавлитетот и брзината на преносот на информации.

Од друга страна Bublcam ги подржува скоро сите платформи почнувајќи од iOS и Андроид, преку Oculus VR, до PS4 и Xbox One. Експерите од RnD секторите на сите платформи се единствени во мислењето за Bublcam, оваа камера има неограничен потенцијал и ќе одигра голема улога во обликувањето на VR технологијата на иднината.

Со цена од 580 долари, таа доаѓа во три бои и тоа црна, бела или сребрена.