Прва слика од Nexus 6

Објавено на 26.09.2014 во Новости



Прва слика од Nexus 6

По долги месеци на исчекување конечно на површина испливува првата неофицијална слика на Nexus 6, смартфонот за кој се тврди дека ќе биде дело на Motorola, а не на HTC како што првично беше пренесено.
 
 
Според тоа што може да го видиме дизајнот на Nexus 6 многу потсетува на Motorola Moto X, но само со поголем екран кој најверојатно ќе достигне големина на дијагоналата од 6 инчи со Quad HD резолуција. 
 
 
Nexus 6 ќе работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, 13 MP камера, како и екстра батерија од  3200 mAh. Смартфонот се очекува да биде промовиран во средината на октомври и истовремено ќе го означи стартот на Android L (5.0).
Автор: Aleksandar Stankov