Android L доаѓа со врвен мултитаскинг

Објавено на 10.10.2014 во Android



Android L доаѓа со врвен мултитаскинг

Основните новитети на Android L подолго време се познати, барем тоа што Google сакаше да и го покаже на јавноста, но се до неодамна малку се знаеше за новиот мултитаскинг чии функции за прв пат се откриени.
 
 
Во Android L корисникот ќе може да работи со најмалку две апликации на еден екран слично како Mutli Windows опцијата на Samsung, а исто така ќе има „лебдечки“ прозорчиња со повеќе апликации кои ќе се прикажат на дел од екранот, додека позадината ќе биде транспарентна и ќе може да видите и други информации за работата на смартфонот и менито.
 
 
Ова се само дел од новитетите на Android L со засилени можности за мултитаскинг кои ќе ги видиме во акција на 15 октомври кога Google заедно со HTC и Motorola ќе ги најави смартфонот Nexus 6, таблетот Nexus 9 и секако новиот оперативен систем Android 5.0 Lollipop.