Корисниците преку Twitter ќе си префрлаат пари

Објавено на 14.10.2014 во Новости



Корисниците преку Twitter ќе си префрлаат пари

Twitter е најновата компанија од мобилната инудстрија која ќе овозможи услуги за електронски пренос на пари откако потпиша договор со Groupe BPCE една од најголемите француски банкарски групации.
 
 
Twitter ќе го користи S-Money системот на банките од Groupe BPCE за префрлање на пари преку електронски пат, без оглед на тоа каде корисникот има отворено сметка. Доколку проектот се покаже како успешен постои можност Twitter да соработува со банки од повеќе земји.