Оне ќе наградува - Секоја недела по еден iPhone 6

Објавено на 22.10.2014 во Новости



Оне ќе наградува - Секоја недела по еден  iPhone 6

Само со едно испраќање на СМС порака со текст “ДА” кон бесплатниот број 1400, корисниците на ОНЕ ќе добијат можност да учествуваат во новата наградна игра “Најниска Цена” и да станат сопственици на еден од деветте телефони iPhone 6, но и многу други награди.

Првите три дена по регистрација во наградната игра се бесплатни, а по истекот на трите дена, на корисникот, доколку не се одјави, ќе му биде наплатена дневна претплата за учество по цена од 35 денари со вклучен ДДВ. Доколку не сака повеќе да учествува во наградната игра, корисникот може и да се исклучи, едноставно со испраќање на СМС порака со текст `СТОП` кон бесплатниот број 1400.

Во текот на наградната игра секојдневно ќе се организира и лицитација на различни производи. Меѓу производите за лицитација ќе се најдат мобилни телефони, телевизори, таблети, дигитални камери, лаптопи итн.

Наградната игра ќе трае девет недели, од 22 октомври до 23 декември, 2014 година. Повеќе информации за наградната игра на www.one.mk.