Samsung го оживеа Tizen смартфонот

Објавено на 18.11.2014 во Новости



Samsung го оживеа Tizen смартфонот

Samsung во последните месеци си играше топло ладно со платформата Tizen која е замислена како резервна варијанта на понудата на Android и поголема независност од Google но, се уште не се пуштени во продажба повеќе смартфони. Оваа состојба наскоро ќе се промени со новиот евтин Tizen смартфон кој ќе чини околу 150 долари и ќе биде тест за да се види дали ќе има интерес за независниот оперативен систем.
 
 
Tizen во суштина многу потсетува на корисничкиот интерфејс TouchWiz кај Galaxy смартфоните со неколку промени во распоредот на менито, апликациите и заклучениот екран. Новиот Tizen смартфон Samsung SM-Z130H ќе пристигне во ниската класа со 4 инчен TFT дисплеј со резолуција од 480 x 800, 3.2 мегапикселна камера, дво-јадрен процесор од 1.2 GHz, 512 MB RAM, подршка за две SIM картички и ќе биде одговор на Nokia X и Android One смартфоните.