Windows 10 ќе добие интеграција со XBox

Објавено на 15.12.2014 во Новости



Windows 10 ќе добие интеграција со XBox

Microsoft прави големи напори да ги спои сите интернет и мултимедијални сервиси кои ги поседува преку новата верзија на оперативниот систем Windows 10. Откако беше откриено дека Windows 10 ќе работи со гласовниот асистент Cortana, најновиот поглед на системот покажува дека доаѓа и долго очекуваната интерграција со Xbox гејмерската конзола.
 
 
Во најновата верзија на Windows 10 е откриено дека корисниците ќе може да се логираат со својот XBox профил и да управуваат со нивните податоци, достигнувања во игрите и да контактираат со пријателите во multiplayer.
 
 
Се уште не е потврдено дали ќе може да се пренесат и останатите сервиси како што се Xbox Video и Xbox Music на едно централизирано место од каде ќе имате пристап до сите содржини, но секако токму тоа е целта. Повеќе информации за Windows 10 се очекуваат на презентацијата за корисниците на 21 јануари 2015 година.




Прочитајте повеќе: