HTC Hima One M9 ќе направи спектакл

Објавено на 17.12.2014 во Новости



HTC Hima One M9 ќе направи спектакл

HTC се уште не одлучил на кој начин да го претстави најновиот супер смартфон HTC Hima M9 и се двоуми дали да ја искористи сцената на CES во Лас Вегас или пак да организиран сепектакуларно промотивно шоу како што прави Apple при најавата на нов iPhone.
 
 
Со оглед на се поголемата популарност на HTC One смартфоните постои можност да биде организиран посебен промотивен настан на почетокот на следната година, како што направи со M8 кој дебитираше пред публиката во Њујорк и Лондон.
 
 
Бидејќи се ближи промоцијата се посилни се и шпекулациите за HTC Hima One M9 се претпоставува дека ќе има 5.2 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи на новиот 64 битен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, со 3 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 3000 mAh, како и со најновата верзија на Android 5.0 Lollipop.