Samsung Tizen Z1 е новогодишен подарок за 65 евра

Објавено на 21.12.2014 во Новости



Samsung Tizen Z1 е новогодишен подарок за 65 евра

Samsung Mobile конечно ќе се осмели посериозно да настапи со смартфоните со новиот оперативен систем Tizen и официјално потврди дека од јануари 2015 започнува со продажба на новиот модел Samsung Z1 кој ќе чини само 65 евра.
 
 
Секако за овие пари од Samsung може да се очекува смартфон со многу скромни компоненти како што е 4 инчен екран со QWGA резолуција од 480 x 800 пиксели, многу евтин дво-јадрен Spreadtrum процесор, 512 MB RAM, 4 GB меморија, 3.2 мегапикселна камера и 3G конекција.
 
Samsung Z1 првично ќе биде наменет за азискиот пазар, почнувајќи од Кина, Индија и Јужна Кореја, а потоа се очекува да пристигне и во Источна Европа.