Asus го најави ZenFone 2 со две камери

Објавено на 22.12.2014 во Новости



Asus го најави ZenFone 2 со две камери

Asus издаде кратко тизер видео со кое го најавува новиот Asus ZenFone и според содржината најверојатно се работи за смартфон со две камери слично како кај Huawei Ascend 6 Plus за правење на слики со 3D ефекти и менување на фокусот.
 
 
Освен за двојната камера нема речиси ништо друго откриено за спецификациите на втората генерација на Asus ZenFone , освен претпоставка дека дисплејот ќе биде со многу повисока резолуција бидејќи токму тоа е слоганот на видеото: Видете го тоа што другите не можат. 

Втората генерација на Asus ZenFone ќе биде претставена на големиот саем за електроника CES 2015 во Лас Вегас и во јануари Asus подготвува мало промотивно шоу кое сигурно ќе привлече голем интерес.