HTC One M8 и One M7 во мај со нов интерфејс

Објавено на 25.12.2014 во Новости



HTC One M8 и One M7 во мај со нов интерфејс

HTC One M8 и One M7 во наредниот месец ќе ја добијат најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop, но во софтверскиот пакет нема да има никакви новитети поврзани со интерфејсот HTC Sense 6.0. Зaтоа блогерот LlabTooFeR информира дека овие два одлични смартфони ќе добијат надградба дури во мај со најновата верзија на HTC Sense 7.0.
 
 
Според LlabTooFeR новата верзија на HTC Sense 7.0 ќе биде промовирана сосема очекувано заедно со новиот премиум модел HTC One M9 кој се води и под кодното име HTC Hima. 
 
 
Засега нема информации кои елементи од интерфејост ќе претрпат промени и дали ќе бидат додадени нови опции, па повеќе информации ќе имаме во наредниот период кога ќе се засилат протечените слики и детали за HTC One M9.