Протече првата слика од HTC One M9

Објавено на 29.12.2014 во Новости



Протече првата слика од HTC One M9

Досега постоеја повеќе концепт фотографии од најавениот премиум смартфон HTC One M9, но сега конечно протече и првата прес слика која открива мали детали од дизајнот и новиот HTC Sense 7.0.
 
 
Сликата ја откри блогерот Steve Hemmerstoffer кој често објавува протечени слики од неофицијални телефони, па истата може да се земе во предвид иако се уште е рано да се потврди дека навистина станува збор за HTC One M9. Смартфонот се очекува да дебитира на CES следниот месец. 
Автор: Aleksandar Stankov