Seagate Seven е најтенкиот преносен хард диск со 500 GB

Објавено на 05.01.2015 во Новости



Seagate Seven е најтенкиот преносен хард диск со 500 GB

Seagate Seven е најновиот супер модел на преносен хард диск со голем капацитет од 500 GB, а тоа што го прави посебен е модерниот дизајн, квалитетните материјали на градба и неговите компактни димензии со екстра тенко тело од само 7 милиметри.
 
 
Seagate Seven се поврзува со USB 3.0 со било кој смарт мобилен или десктоп уред и неговата компактност ќе ви овозможи да го носите секаде со себе и да имате пристап до огромен број на податоци, фајлови, слики, видеа и друга мултимедијална содржина.

Seagate Seven е изработен за да се прослави 35 години постоење на компанијата Seagate која во последниот период е фокусирана на понуда на надворешни мемориски уреди, како и на cloud технологија за складирање на податоци. Цената на Seagate Seven ќе изнесува околу 100 долари и од крајот на јануари ќе може да се порача преку интернет.