Sony ќе изненади со нов Walkman

Објавено на 05.01.2015 во Новости



Sony ќе изненади со нов Walkman

Овие денови фокусот ќе биде ставен на саемот CES каде се очекуваат најнови смартфони и фаблети и додека сите се надеваат дека ќе го видат Sony Xperia Z4 од Sony Mobile ќе не изненадат со нов модел на мултимедијалниот плеер Walkman.
 
 
За новиот Sony Walkman се уште нема никакви официјални информации, но со оглед на претходните модели може да очекуваме супер квалитетен уред за мултимедијални содржини со подршка за сите аудио и видео формати, зголемен мемориски капацитет и поголем број на смарт функции превземени од Xperia смартфоните. 
 
 
Промоцијата на Sony Mobile на која освен нов Walkman очекуваме и прикажување на нови Xperia смартфони ќе се одржи вечерва, па затоа следете го нашиот сајт за најновите информации.