И LG има смартфон со двојна закривеност

Објавено на 08.01.2015 во Новости



И LG има смартфон со двојна закривеност

LG Mobile зад затворени врати го прикажа првиот прототип на смартфон со двојна закривеност, односно со превиткани рабови на двете страни. Овој концепт на флексибилен дисплеј е најавен за Samsung Galaxy S6 и Xiaomi Arch кои ќе имаат дополнителна лента на дисплејот на двата рабови.
 
 
LG за својот прототип на дисплеј наречен Active Bending не откри многу информации за медиумите па затоа се уште е тајна како ќе функционира оваа OLED технологија, ниту пак дали планира да го искористи за премиум моделот LG G4.
 
 
Претходно Кен Хонг директорот за комуникации на LG Mobile соопшти дека имаат намера да експериментираат со LG G4 и да воведат нешто ново, па можеби токму една од иновациите ќе биде примената на дисплеј со двојна закривеност.