Oppo ги претстави модерните и евтини Mirror 3 и R1C

Објавено на 15.01.2015 во Новости



Oppo ги претстави модерните и евтини Mirror 3 и R1C

Како што најавивме пред неколку дена Oppo засилено се подготвуваше овој месец за промоција на два нови квалитетни смартфони со цена која вообичаенo е пониска од конкурентите. Првиот е Oppo Mirror 3, како нов 64 битен смартфон, додека пак Oppo R1C е смартфон со прекрасен дизајн и тенко тело од 6.8 милиметри.
 
 
Oppo Mirror 3 доаѓа со 4.7 инчен IPS дисплеј со HD резолуција од 720 х 1280 пиксели, работи на 64 битниот Qualcomm Snapdragon 410 процесор со четири-јадра од 1.3 GHz, 1 GB RAM, 8 GB меморија, слот за microSD картичка, 8 мегапикселна камера изработена од Sony, 5 MP предна камера, како и батерија од 2000 mAh која се полни за 90 минути. Цената на Oppo Mirror 3 ќе биде поставена на 250 долари.
 
 
Вториот модел Oppo R1C е нешто помоќен и поблизок до премиум класата со 5 инчен LCD HD дисплеј со резолуција 720 х 1280 пиксели, подобар 64 битен Snapdragon 615 процесор со осум јадра, Adreno 405 графичка, 2 GB RAM, 16 GB меморија, мемориска microSD картичка, 13 MP камера, батерија од 2420 mAh и 4G LTЕ конекција.