Apple направи повеќе пари од нафтените гиганти

Објавено на 28.01.2015 во Новости



Apple направи повеќе пари од нафтените гиганти

Apple е на добар пат да ја сруши перцепцијата дека со светот владеат нафтените гиганти бидејќи во првиот квартал од новата година заработи повеќе пари од Gazprom што се должи на одличната продажба на iPhone 6 смартфони, но и поради падот на цената на горивата на светските берзи.
 
 
Тоа секако не го намалува успехот на Apple бидејќи не продава црно злато туку потрошувачка електроника. Apple остварил рекордна заработка од 18 милијарди долари, односно сума која не ја постигнала досега ниту една корпорација.
 
 
Рекордот на Apple покрај на бројот на продадени смартфони, таблети, софтвер и мултимедијални содржини се должи и на растот на доларот како меѓународна валута. Исто така Apple направи и полн погодок со поголемите iPhone 6 и iPhone 6 Plus кои се продаваат многу поскапо од претходните модели, а цената на производство е речиси иста како и во минатите години.
 




Прочитајте повеќе: