Samsung со Гинисов рекорд за најмногу селфи

Објавено на 07.02.2015 во Новости



Samsung со Гинисов рекорд за најмногу селфи

Samsung постави светски рекорд во Гинисовата книга со најмногу направени селфи фотки во еден ден, при промоцијата на Samsung Galaxy A3 и Samsung Galaxy A5 во Јужна Африка.
 
 
За време на промоцијата посетителите со Samsung Galaxy A3 и Samsung Galaxy A5 направија 12.803 селфи фотки или 3000 повеќе од претходниот светски рекорд. 
 
 
Samsung Galaxy A3 и Samsung Galaxy A5 се новите смартфони во средната класа со метални и тенки маски, солидни перформанси и HD екрани од 4.3 и 4.5 инчи и наскоро ќе се најдат на пазарите ширум светот, како и во Македонија, за што дополнително ќе ве информираме.