Samsung Galaxy Win 2 - Победник во евтината понуда

Објавено на 12.03.2015 во Новости



Samsung Galaxy Win 2 - Победник во евтината понуда

Samsung Galaxy Win 2 е нов смартфон на Samsung Mobile во основната класа со најниска цена од околу 200 евра и е продолжување на понудата со 64 битен процесор кој треба да донесе значително поквалитетни перформанси и побрза работа со апликации.
 
 
Samsung Galaxy Win 2 е секако скромен смартфон, без премногу атрактивни компоненти, но со пристојно ниво на квалитет. Samsung Galaxy Win 2 доаѓа со 4.5 инчен дисплеј со резолуција од 480 х 800 пиксели, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 5 мегапикселна камера, две SIM картички, како и батерија со капацитет од 2000 mAh.