Обновено: Android M ќе ја започне авантурата овој месец

Објавено на 07.05.2015 во Новости



Обновено: Android M ќе ја започне авантурата овој месец

Google најверојатно ќе остане верен на својата традиција и кон крајот на годината ќе ја претстави новата верзија на оперативниот систем Android 6.0 за која најпрво треба да се одбере име на десерт, а во игра Muffin, Milkshake, Marshmallow, Meringue, Milky Way и уште многу други брендирани слатки. 
 
 
Android 6.0 ќе се води почетно под кодното име Android M и оваа година ќе биде претставен за време на глобалната конференција за програмери и партнери Google i/o 2015 која ќе се одржи на крајот на овој месец на 28-ми и 29-ти. Конечната верзија на Android 6.0 се очекува да пристигне во текот на октоври или ноември и во истиот период може да очекуваме и нови Nexus смартфони и таблети, барем таков беше периодот на развој на Android L кој прерасна во Lollipop.
 
 
Во делот на новите функции се прогнозира дека Android 6.0 ќе понуди нови визуелни теми, активни нотификации кои може да се користат од самиот заклучен екран, преглед во повеќе прозори за мултитаскиг и уште многу новитети кои се популарни кај кустумизираните Android системи.