Глобалниот Sony Xperia Z4 доаѓа наредната недела

Објавено на 22.05.2015 во Новости



Глобалниот Sony Xperia Z4 доаѓа наредната недела

Sony Mobile според информациите на азиските медиуми закажал два големи промотивни настани во Хонг Конг и Тајван на 28 мај кои најверојатно ќе ја претстави глобалната верзија на премиум смартфонот Sony Xperia Z4 кој сега може да се купи само во Јапонија. 
 
 
Засега нема детали дали оваа глобална промоција на Xperia Z4 ќе донесе нешто ново во поглед на спецификациите бидејќи корисниците очекуваат Quad HD дисплеј, новитети во камерата и софтверот и секако нешто ново во естетиката и дизајнот кои не се драстично промените во последните две години.