ZTE Q519T ги посрамоти сите со огромна батерија, а ниска цена

Објавено на 24.05.2015 во Новости



ZTE Q519T ги посрамоти сите со огромна батерија, а ниска цена

ZTE станува се посериозен со својата понуда во сновната класа каде почна да поставува навистина квалитетни смартфони. Новиот телефон ZTE Q519T навистина ќе ве воодушеви бидејќи може да се пофали со екстра батерија со капацитет од неверојатни 4000 mAh, a неговата цена изнесува само 95 долари.
 
 
ZTE Q519T располага и со 5 инчeн 720p HD дисплеј, работи на четири-јадрен Mediatek процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, со можност за додавање на 32 GB преку microSD картичка, 5 мегапикселна главна камера, 4G LTE конекција, додека пак за софтверот е применет Android 5.0 Lollipop системот.
 
ZTE Q519T е пуштен во продажба само во Кина каде може да ја одржи неверојатно ниската цена од само 95 долари, но дури и да не го видиме на европскиот пазар со иста понуда веруваме дека ќе придонесе за зголемување на притисокот врз останатите конкуренти кои ќе мора да ги спуштат цените или пак да понудат многу подобри спецификации во основната класа.
 
Автор: Aleksandar Stankov