Откриен нов HTC Desire со супер тенко тело

Објавено на 27.05.2015 во Новости



Откриен нов HTC Desire со супер тенко тело

HTC во изминатиот период малку ја запостави Desire серијата на смартфони за сметка на сите непотребни верзии на HTC One M9, но тоа наскоро ќе се промени со новиот HTC Desire со кодно име WF5w кој е откриен со супер тенко тело од 7.4 милиметри, а ќе понуди и солиден хардвер.
 
 
HTC Desire WF5w ќе има 5 инчен 720p HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор од 1.4 GHz, 2 GB RAM, 16 GB меморија, microSD картичка, две 13 мегапикселни камера на предната и задната страна, како и Android 5.0.2 Lollipop оперативен систем. HTC Desire WF5w очекуваме да се појави кон крајот на јуни.