Трејлер од новиот филм за технолошкиот револуционер Џобс

Објавено на 02.07.2015 во Новости



Трејлер од новиот филм за технолошкиот револуционер Џобс

Уште едно големо филмско творештво е новиот филм - автобиографијата за Стив Џобс, со глумците: Мајкл Фасбендер, Сет Роџен, Кејт Винслет и Џеф Даниелс во режија на Арон Соркин.



Со турбулентните договори за филмот Стив Џобс, конечно излезе трејлер и официјален датум од премиерното претставување на филмот. Новиот филм за Стив Џобс е направен според книгата на Волтер Ајзаксон и треба да излезе во кината на 9 октомври. Сега имаме прилика само да го погледнеме новиот трејлер од филмот Стив Џобс, кој ветува многу. Веруваме дека после ова видео ќе видиме уште повеќе исечоци од новото остварување. Интересно ќе биде да се следи дали овој филм ќе го надмине легендарниот „Pirates of Silicon Valley“ со Ное Вилеј. Веруваме дека е доволно моќен и да го надмине "Џобс" со Ештон Качер. Погледнете одоздола како изгледа Фасбендер во улога на Џобс.

Автор: Aleksandar Stankov