Samsung ги активира Edge смартфоните со нови апликации

Објавено на 13.07.2015 во Новости



Samsung ги активира Edge смартфоните со нови апликации

Samsung Mobile оваа година повеќе се фокусираше на дизајнот, отколку на екстра функции, па затоа Galaxy S6 Edge има одличен изглед со двојната заобленост на дисплејот, не без голем број на функции. 
 
 
Тоа ќе се промени со најновиот план за Edge апликации кои ќе донесат нови активации на страничниот дел од дисплејот, нови кратенки, како и посебни сервиси кои ќе бидат од голема корист. Apps Edge софтверот ќе биде наменет за сите заоблени смартфони како Note Edge 4, Galaxy S6 Edge и планираните Galaxy S6 Edge Plus и Galaxy Note Edge 5.