Huawei Honor 4A ќе се избори за својата чест на 21 јули

Објавено на 17.07.2015 во Новости



Huawei Honor 4A ќе се избори за својата чест на 21 јули

Huawei очигледно нема намера да застане со промоција на нови и се подобри смартфони и по одличниот прием на Ascend Honor 7 и P8 доаѓа уште еден квалитетно креиран уред, но овој пат со нешто пониска цена за да може да биде исползуван во средната класа.
 
Huawei Honor 4A ќе се обиде да ги достигне рекордите на продажба со 5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен Mediatek процесор, 13 мегапикселна камера и користење на најновата верзија на Android Lollipop. Повеќе детали за Honor 4A ќе очекуваме во наредните денови и веднаш ќе ви ги пренесеме сите новитети.