iOS Data Recovery - Враќање од „мртвите“ за iPhone и iPad

Објавено на 28.10.2015 12:07 во Рецензија


iOS Data Recovery - Враќање од „мртвите“ за iPhone и iPad

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
8.0


Камера
10.0


резултат
9.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Прегледен интерфејс

- Брзи реакции

- Ефикасност

 

Negatives:

 

- Професионалната верзија се наплаќа, ама затоа доделуваме клучеви на нашите читатели



Целата рецензија

Голем број на корисници ретко се одлучуваат да направат backup на своите податоци кои ги имаат складирано во својот iPhone смартфон или iPad таблет, а често се случува нешто да се избрише по грешка или пак некој фајл да се оштети при префрлање или копирање. Потоа може да биде многу проблематично да ги повратат посакуваните податоци и фајлови бидејќи нема голем број на квалитетни и сигурни софтверски алатки кои ќе ви помогнат.

Тука се издвојува Leawo со нивниот софтвер iOS Data Recovery за целосно враќање од „мртвите“ на сите фајлови и податоци без оглед дали сте направиле backup, дали користите iCloud за складирање или пак iTunes за вашите мултимедијални содржини. Во продолжение прочитајте ја деталната анализа на iOS Data Recovery која ја направивме со тестирање на софтверот и дознајте како може да го добиете благодарение на соработката на telefoni.mk и Leawo.

Враќање на 12 вида на фајлови и податоци

Со Leawo iOS Data Recovery може да вратите 12 вида на фајлови и 12 вида на податоци, како што се слики, песни, видеа, како и избришаните контакти, потсетници, документи, настани од календарот, потоа листата на повици, испратените и примените пораки од секаков вид и обележаните страни во Safari. Софтверот е многу лесен за користење и целата процедура се одвива во неколку чекори, односно „враќањето„ се врши од самиот уред, од iCloud и од iTunes, без оглед дали фајловите се избришани или оштетени при нивното користење, сочувување или префрлање.

Процес на враќање

За полесно да го пронајдете тоа што по грешка сте го избришале или пак потоа излегло дека ви е потребно најлесно е да ја користите опцијата за пребарување при што ќе излезат соодветните резултати. Следен чекор е да направите синхронизација со соодветното место на пребарување од iCloud или iTunes за добивање на некоја постара постапка на сочуван backup или пак од директно сочуваните фајлови на овие сервиси.

Потоа може да направите и скенирање на уредот. Пронајдените фајлови треба да се извлечат со опцијата Recover и потоа може да ги симнете на вашиот компјутер или лаптоп со најразлични видови на екстензии за подршка, како и сочувување на податоците во вашиот iOs уред.

Подржани уреди и системски побарувања

Leawo iOS Data Recovery е компатибилен речиси со сите Apple производи, почнувајќи од веќе застарениот iPhone 4 смартфон и сите кои излегоа по него, потоа работи со сите модели од iPad 1 до денес, како и со iPod 4 и iPod 5. За инсталација пак, на вашиот PC потребни ви се следните минимални хардверски спецификации: процесор од 1 GHz, 512 MB RAM, 2 GB слободен простор, додека пак самата апликација зафаќа околу 16 MB, а подржани се сите верзии од Windows XP до денес.

Финална оценка

При нашето тестирање на iOS Data Recovery добивме одлични резултати во брза постапка на враќање на стари и речиси заборавени фајлови и податоци кои може да бидат од голема корист. Благодарение на Leawo кои одлучија да соработуваат со telefoni.mk може многу лесно да го доближиме iOS Data Recovery и до македонските корисници. За нашите фанови на Facebook нудиме и одлична можност да го добијат софтверот бесплатно, со тоа што ќе ни пишете во коментарите и ќе ја споделите рецензијата на социјалните мрежи на овој линк. На петте најсреќни ќе им подариме бесплатни верзии на iOS Data Recovery кој инаку чини 59 долари. 

Leawo iOS Data Recovery одлично ќе послужи за сите кои имаат потреба од професионалнa алатка и препорачуваме да ја инсталираат бидејќи ќе им биде од голема корист. Софтверот iOS Data Recovery може да го превземете од официјалната страна на Leawo.

Автор

Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар