Видео: Huawei Nexus е метално чудовиште со топ перформанси

Објавено на 08.08.2015 во Новости



Видео: Huawei Nexus е метално чудовиште со топ перформанси

Huawei оваа година ќе биде задолжен од Google да го креира новиот Nexus фаблет кој ќе има огромен Quad HD дисплеј со големина на екранот од 5.7 или 6 инчи. Сега се појави и видео од првиот прототип кое открива одличен дизајн со тенко тело со метален финиш и голем сензор за камерата, како и скенер за отпечатоци. 

Huawei Nexus ќе работи со осум-јадрен процесор, 16 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3300 mAh, Android M оперативен систем, а промоцијата ја очекуваме во текот на октомври или ноември.