ZTE го обвини Huawei за кражба на дизајнот на Nexus 6P

Објавено на 03.10.2015 во Новости



ZTE го обвини Huawei за кражба на дизајнот на Nexus 6P

Маркетинг директорот на ZTE Лу Ксиан Хао го обвини  Huawei дека дизајнот на новиот смартфон Nexus 6P целосно го украле од нивниот модел ZTE Grand S со идентична задна графитна плоча на која е сместена камерата и блицот. 

Кога ќе ги споредите двата телефони навистина има мала сличност, но овој додаток не е ништо ново и генијално бидејќи претходно го имаат користено и други производители како Nokia. 

Разликата кај Nexus 6P e употребата на скенер за отпечатоци како и многу поефикасна употреба на просторот. Инаку од Huawei објаснија дека морале да постават ваква плочка на задната страна поради огромниот сензор на камерата и внатрешните антени за поврзување.