Huawei P40 Lite и P40: Punch-hole со две селфи камери и 5G мрежа

Објавено на 10.03.2020 во Новости



Huawei P40 Lite и P40: Punch-hole со две селфи камери и 5G мрежа

Huawei P40 Lite и P40 ќе имаат ултра-широка леќа со 10х зум, што е навистина ексклузивна спецификација за послабите премиум верзии од новата серија. Дисплејот ќе биде заоблен од сите четири страни.

Ќе има две селфи камери со punch-hole од предната страна, кои ќе го направат изгледот да биде навистина премиум. Сите P40 модели ќе бидат со сопствената Kirin платформа на Huawei и ќе бидат 5G-овозможени. Моделите пристигнуваат со најновиот оперативен систем Android 10, но Google Mobile Services најверојатно ќе недостасуваат од следните предводници на Huawei. Боите ќе бидат црна, златна, сребрена, морско сина и мраз бела.