Facebook донираше 720.000 заштитни маски за здравствениот систем

Објавено на 23.03.2020 во Новости



Facebook донираше 720.000 заштитни маски за здравствениот систем

Шефот на Facebook, Марк Цукерберг, објави на својот профил дека Facebook донирал 720.000 заштитни маски во помошта за превенција од ширење на пандемијата од коронавирусот. Цукерберг препорачува за Facebook да спрема донација за уште заштитни маски во милиони примероци.

„Здравствените работници итно имаат потреба од заштитна опрема. За да помогне, Facebook ја донира својата залиха за потреба од 720.000 заштитни маски, кои ги купивме во случај да продолжи сезоната на дивите шумски пожари. Работиме и на набавка на уште милион маски, кои исто така ќе ги донираме. Се надевам дека сите внимавате на здравјето и дека сте на безбедно!“, напишал Цукерберг на својот профил.

Автор: Aleksandar Stankov