Основачот на BioNTech открива дека пандемијата може да биде ставена под контрола

Објавено на 21.03.2021 во Новости



Основачот на BioNTech открива дека пандемијата може да биде ставена под контрола

Угур Сахин, основачот на BioNTech, кој со Pfizer ја разви вакцината против COVID-19, верува дека вирусот до крајот на летото може да биде ставен под контрола во повеќето европски држави и во САД.

„Во многу европски земји и САД, до крајот на летото веќе нема да има потреба од затварања“, вели основачот на BioNTech.

Германците се се повеќе нетрпеливи околу рестрикциите воведени поради коронавирусот, а владите на државите во Европската унија се критикуваат поради бавното вакцинирање на населението и потешкотиите во набавката на вакцините. Сахин смета дека тие проблеми се привремени и дека е возможно да се вакцинираат 70% од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш нема да биде толкав проблем.