Xiaomi 11T со Cinemagic функција и магична камера
Xiaomi 11T пристигнува со Cinemagic спецификации исто како и Pro верзијата, со тројна задна камера со широкоаголна леќа со 108MP висока резолуција, ултраширокоаголна камера од 120°, 2x телемакро камера и 16MP селфи камера, која што е скриена под екранот. Xiaomi 11T се комбинира со one-click AI cinema режими за работа, со режим на работа како што е Time Freeze, Night Time-Lapse, Magic Zoom, додека и најмалите звуци се оживуваат со спецификацијата Audio Zoom.
Има 6,67-инчен AMOLED дисплеј со 120Hz со HDR10+ технологија, која што може да прикаже над милијарда бои, а истовремено има функции за заштита на очите и брзина на приказ до 480Hz.
Благодарение на енергетската ефикасност на чипсетот MediaTek Dimensity 1200-Ultra, батеријата од 5000mAh и турбо полначот од 67W го полни телефонот до 100% за само 36 минути.
Xiaomi 11T доаѓа во две верзии: 8GB + 128GB, 8GB + 256GB со препорачана малопродажна цена од 499 и 549 евра.